| четврток, 6 декември 2018 |

МВР го бара зетот што го уби таткото и го рани братот на поранешната сопруга во Куманово

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на самото место за вооружениот напад во кој животот го загуби едно лице.

policija-2

Од Обвинителството соопштуваат дека по наредба на надлежниот обвинител е издадена наредба за прибирање траги од самото место, вршење потребни вештачења, како и за обдукција на починатото лице.

– Вооружениот напад се случил претпладнево, кога осомниченото лице, државјанин на Косово, кој привремено престојувал во Швајцарија, со огнено оружје ранил две лица, и тоа таткото и братот на неговата поранешна сопруга. На прострелните рани веднаш им подлегнал седумдесет и едногодишниот Р.Р. од Куманово – се вели во соопштението од ЈО.

На триесетгодишниот син, кој се здобил со тешки телесни повреди, му се укажува медицинска помош.

Осомниченото лице во моментов им е недостапно на органите на прогонот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top