| четврток, 6 декември 2018 |

Американци пронашле загубено богатство вредно еден милион долари

Семејство од Флорида пронашло загубено богатство вредно милион долари. Во богатството имало златни предмети, вклучувајќи и златници на шпанскиот крал.

211502812455b73f9e932d7626940150_v4_big

Семејството Шмит – Рик, Лиса, нивните две деца и снаата, со години го барале загубеното богаство. Ерик Шмит (27), синот на Лиса, успеал да ги лоцира остатоците на еден брод во длабочина од 4,5 метри во близина на градот Форт Пирс на Флорида.

Во пронајденото богатство имало 51 златна паричка, златен ланец долг 12 метри и кралска монета од 1715 година направена за кралот Филип Петти, кој можеби е највредниот предмет во колекцијата.

Државата Флорида ќе конфискува 20 отсто од богатството и ќе го изложи во локалните музеи, а остатокот ќе го поделат семејството и организацијата која се занимава со откривање на загубено богатство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top