| четврток, 6 декември 2018 |

Просечната плата во мај 22.071 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2015 година изнесува 22.071 денари и претставува зголемување за 2,7 проценти.
plata
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето, пред сè, е резултат на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација за 15,8 отсто, други услужни дејности за 7,5 отсто и дејности на здравствена и на социјална заштита за пет проценти.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2015 година изнесува 32.393 денари. Во мај 2015 година, 1,6 отсто од вработените во Република Македонија не добиле плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top