| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарија: Оградата по должината на српската граница ќе спречи влез на околу 300.000 мигранти

Migrants crossing Macedonia on their way for the western Europe countries

Речиси 300.000 мигранти би можеле да влезат во Унгарија до крајот на годинава доколку на јужната граница со Србија не се подигне ограда, изјави денеска портпаролот на унгарската влада, Золтан Ковач.

– Повеќе од 95.000 луѓе илегално ја преминаа границата до минатиот викенд, а времената ограда на границата би можела да биде ефикасен начин за решавање на ваквиот „прилив“ – истакна Ковач.

Коментирајќи ги тврдењата на опозициската Социјалистичка партија дека консултирањето на граѓаните за емиграцијата било неуспешно, бидејќи само 12-13 отсто од гласачите ги пополниле прашалниците, Конач нагласи дека тоа е сепак „пет-шест проценти повеќе“ од бројот на приврзаниците на социјалистите според неодамнешните анкети.

– Повеќе од еден милион луѓе што ги пополнија прашалниците претставува „силен одбран примерок“, кој покажува што мислат Унгарците за илегалната емиграција – додаде портпаролот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top