| четврток, 6 декември 2018 |

МВР издаде нови 321 потврда за поднесување барање за азил

Министерството за внатрешни работи вчера врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил издаде 321 потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани што илегално влегле на нашата територија.

Fourteen illegal immigrants dead in train accident between Skopje and Veles

Во периодот од 19.6.2015 година до 28.7.2015 година во 8,00 часот, соопшти денеска МВР, издадени се потврди на вкупно 20.926 странски државјани, од кои, 15.236 се од машки пол, 2.775 се од женски, 2.723 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 192 деца што патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најмногубројни се државјаните на Сирија и тоа 15.534, потоа од Авганистан 1.585, од Ирак 1.194, Пакистан 676, Сомалија 456, од Палестина 400, Конго 277, од Камерун 124, додека другите се во помал број.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до 28.07.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 барање се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 28.7.2015 година се евидентирани вкупно 20 баратели на азил, од кои 11 баратели на азил се мажи, две баратели на азил се жени и седум баратели на азил се малолетни лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top