Британскиот премиер Дејвид Камерон остро се спротивстави на претворањето на Велика Британија во рај за валкани пари.
Камерон, кој се наоѓа на четиридневна турнеја низ неколку земји на Југоисточна Азија заедно со поголема група британски бизнисмени, во Сингапур порача дека „странците мора да бидат спречени“ да купуваат недвижен имот – скапи и ексклузивни станови и куќи за живеење – со „испрана готовина“.
Спречувањето на овој „бизнис“ треба да биде дел од глобалните напори за пресметка со корупцијата, смета британскиот премиер.
Излагањето на Камерон во Сингапур, во британските медиуми доаѓа по сознанијата дека „сомнителни“ компании купуваат скапи и екслузивни имоти низ Велика Британија, како и дека таквите примери се најмногубројни во Лондон и во реонот околу британскиот главен град.
Британскиот премиер се заложи целата меѓународна заедница да се вклучи во пресметката за совладување на, како што вели, „ракот наречен корупција“.
Според британските податоци, недвижните имоти се купуваат од странци, преку анонимни компании со „испрани“ пари.
Станува збор за нетрговски компании, кои најчесто немаат никаква друга функција, освен да им служат на нивните сопственици за „посебни потреби“.
Повеќе од 100 илјади имоти во Велика Британија се заведени кај општинските и локалните власти на име на странски компании. Повеќе од една третина од овие имоти (станови и куќи) се наоѓаат во реонот на Лондон и се сопственост на разни офшор-фирми.
Испитувањето открива дека повеќе од 122 милијарди фунти, вложени во недвижен имот во Англија и во Велс, се сопственост на разни офшор-компании.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст