| четврток, 6 декември 2018 |

Предупредувања за можни напади во Истанбул

Дирекцијата на истанбулската полиција испратила писмен документ до сите единици со предупредување за можни напади во Истанбул, објави „Тудејс заман“.

TURKEY-POLITICS-UNREST

Предупредувањето се однесува на места каде се собираат голем број луѓе и поконкретно до некои метро и автобуски линии.

Документот е потпишан од заменик-началникот на полицијата во Истанбул Мустафа Чалашкан. Во него се посочува дека полицијата располага со податоци дека нападите во Турција можат да продолжат и оти нивна цел може да бидат средства за масовен транспорт, полициски станици, возила на силите за безбедност и живеалишта на полицијата.

Турција почна голема антитерористичка операција во петокот против повеќе илегални групи, вклучувајќи ја Исламска држава (ИД) и Курдската работничка партија (ПКК), во различни окрузи на земјата, меѓу кои и Истанбул.

Дејствијата беа преземени, откако напаѓач самоубиец, за кого се смета дека припаѓа во ИД, изврши напад во градот Суруч минатиот понеделник, убивајќи 32 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top