Делови од она што би можело да биде најстариот Куран познат на човештвото, стоеле заборавени во библиотеката на британскиот Универзитет во Бирмингем.
Тие по грешка биле сместени во делот каде се наоѓаат примероци од светата исламска книга од крајот на седмиот век, двата листа хартија случајно ги пронајде Елба Федел, истражувајќи ја книгата за нејзиниот докторат.
Со датирање утврдено е дека листовите се направени од овча или козја кожа настанати меѓу 568. и 645 година
– Тоа значи дека лицето кое ги пишувало овие страници најверојатно живеело во времето на пророкот Мухамед, изјави професор Дејвид Томас, пишува „Индепендент“.
Поглавијата на Куранот во почетокот биле пишувани на пергаменти, камења, листови, па дури и грбот на камилите, пред да биде книгата комплетирана околу 650 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



