| четврток, 6 декември 2018 |

Регистрирано големо затајување данок на грчките острови

Грчки даночни службеници кои деновиве спроведуваат контрола на островите во Егејското и Јонското Море, регистрирале значително даночно затајување во хотели, ресторани и барови, пренесува МИА.

grcijaostroov

Поконкретно, при 63 инспекции извршени во текот на последните денови на Крит, даночните службеници евидентирале 33 прекршоци и 39 сторители.

Новиот заменик министер за финансии, Трифон Алексиадис веќе подготви министерска одлука со која се прецизирани процедурите кои треба да се спроведат за време на инспекции во текот на летото насочени кон борбата против даночното затајување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top