Словенија ја поддржува територијалната целост и независност на Украина, изјави премиерот на Република Словенија, Миро Церар, на заедничката прес-конференција со премиерот на Руската федерација, Дмитриј Медведев, пренесе ТАСС.
– Со премиерот го засегнавме и украинското прашање. Го запознав својот руски колега со позицијата на Словенија, за тоа дека Словенија е за територијална целост и за независност на Украина и, исто така, дека се залага за почитување на спогодбите од Минск – рече Церар.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев, исто така, на прес-конференцијата изјави дека Русија е за територијална целост на Украина, меѓутоа ако се земат предвид и решенијата за Крим од минатата година.
– Руската федерација, исто така, се залага за територијалната целост на Украина, но, природно, со почитување на оние решенија што беа усвоени минатата година за Крим. Ние сме подготвени да ги продолжиме консултациите за ова прашање, но сметам дека во секој случај тоа е корисно – изјави Медведев.
Рускиот премиер посочи дека за време на разговорите било започнато и прашањето за борбата со радикалните терористички групи, вклучувајќи ја и Исламската држава. Била разгледана и ситуацијата на Балканот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст