| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: МОН ќе ја разгледа иницијативата за продолжување на летниот распуст

Spiro-Ristovski-int120-740x320-top
Министерството за образование и наука ќе го разгледа предлогот на хотелиерите кои бараат почетокот на учебната година да се одложи за 15 септември. Заменик-министерот Спиро Ристовски денеска на прес-конференција рече дека ќе имаат средба со претставници на иницијативата, но дека одлуката ќе биде донесена откако ќе се направи анализа и консултација со различни субјекти.

– Се работи за специфична иницијатива која не зависи само од волјата на МОН, па дури и од волјата на Владата, треба да се исконсултираат и искоординираат повеќе општествени фактори. Во следниот период ќе биде направена поширока анализа и координација и консултација со поголем број субјекти, врз основа на која потоа би можеле да процениме како би ја носеле одлуката. Неопходно е да бидеме уверени во аргументацијата која беше изнесена – еден од главните аргументи беше промената на временските услови, продолжување на сезоната поради интересот на туристите и на туристичките агенции но, од друга страна, ние како ресорно министерство за која било одлука мора пред сѐ да го имаме интересот на учениците – рече Ристовски одговарајќи на новинарско прашање.

Хотелиерите бараат продолжување на летниот распут до средината на септември зашто, според нив, во тој период туристичката сезона ќе биде подобра отколку во мај и јуни. Според ХОТАМ, политичките случувања во мај и временските пригоди во јуни сериозно се одразиле на туризмот во Охрид и во Струга каде што многу аранжмани биле откажани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top