| четврток, 6 декември 2018 |

Триесет и пет жртви на силувањата на Бил Козби на насловна страница на „Њујорк магазин“

Најновото издание на „Њујорк магазин“ на насловната страница ги има 35-те жртви од силувањето на американскиот комичар Бил Козби. Сите дале интервју и ги опишале личните искуства со Козби. Според нивните кажувања пред силувањето претходело консумирање дрога.

150727008.1_mn

– Бил беше мој пријател. Еднаш или двапати вечеравме со неговата сопруга. Работевме заедно, го познавав одамна и не можев да замислам дека се случи такво нешто. Во тој момент бев во шок. Не можев да сфатам што не е во ред со него, дали го загубил паметот – раскажала една од жртвите.

Барбара Бован, жената која го запознала Козби кога имала 17 години се запрашала зошто на медиумите им било потребно толку време сериозно да ги сфатат обвинувањата од жртвите.

– Во период од една година, речиси половина од времето што го минав со него бев дрогирана. Можев да шетам по улиците на Менхетн и на кого било да кажам, ме дрогираше и силуваше Бил Козби. Но, кој ќе ми веруваше? Никој – изјави Бован.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top