| четврток, 6 декември 2018 |

Асад: Војската мораше да отстапи дел од територијата на бунтовниците

basar al asad

Сириската војска беше принудена да отстапи некои подрачја за да задржи други во војната против бунтовниците која влезе во петтата година, призна сирискиот претседател Башар ал Асад.

– Некогаш во некои околности сме принудени да отстапиме од некои делови на земјата и да ги преместиме силите во подрачја кои сакаме да ги задржиме, рекол Асад во говорот пред пратениците во Дамаск, кој бил емитуван на државата телевизија.

– Мораме да дефинираме важни области кои ќе ги држат оружените сили, за да не дозволат колапс на останатите подрачја, додал сирискиот претседател.

Асад рекол дека војската не располага со луѓе неопходни за одбрана на целата земја, особено затоа што бунтовниците добиваат помош однадвор, мислејќи на Саудиска Арабија, на Турција и на Катар.

Еден ден претходно, Асад издал декрет со кој се најавува општа амнестија за воените дезертери. Сириската војска која некогаш имала 300.000 припадници, е речиси преполовена со човечки жртви, десертерства и избегнување на служење на воениот рок.

Војската во минатиот месец била принудена да се повлече од голем дел од северозападната провинција Идлиб по нападот на Исламската бригада и не успела да го одбрани пустинскиот град Палмира во централниот дел на Сирија, кој го зазеле екстремистите од ИСИС.

Некои дипломати велат дека војската сега е фокусирана на одбрана на стратешки локации како Дамаск и Хомс и упориштата на малцинската заедница Алавити во крајбрежните подрачја.

Се верува дека од почетокот на војната во март 2011 година во Сирија загинале повеќе од 230.000 луѓе, а милиони се раселени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top