И покрај тоа што најголемиот дел од граѓаните во овој период ги користат годишните одмори, потрошувачката на струја урива рекорди. Алфа објави дека најголема причина за тоа е што домаќинствата и компаниите масовно ги употребуваат климатизерите за ладење на домовите и работните простории. Трговците пак тријат раце. Во овој период од годината најголема е побарувачката за клима уреди, рокот за нивна монтажа е пролонгиран од 24 на 48 часа, а на ред се чека и за закажување на сервис на уредите.
Од продавниците за бела техника велат дека побарувачката е зголемена за 30 до 40 проценти. Сепак, повисокиот курс на доларот ги зголемил набавните цени за 20%. Иако трговците досега успевале да ги задржат цените на постојното ниво, тоа нема уште долго да биде пракса.
Трговците велат дека граѓаните најчесто купуваат на попуст, односно кога се организираат викенд акции, еднодневни намалувања или пак пад на одредена категорија производи. Сепак, апелираат до нив да внимаваат на три компоненти кога купуваат климатизери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст