| четврток, 6 декември 2018 |

Тунел отсече цел покрив на туристички автобус – 28 повредени

20150726.szvplutfks
Туристички автобус со млади Шпанци, кои патувале од Билбао за Амстердам, настрадале во фатална сообраќајна несреќа во предградието на северниот француски град Лил. На влезот на еден од најмалите тунели во градот возачот на автобусот не ги проценил димензиите на двокатното возило и се обидел да помине низ тунелот. Буквално го „пресекол” покривот на автобусот, пишува весникот La Voix du Nord.
Најмалку 28 лица се повредени, од кои четворица се здобиле со потешки повреди. За нивниот живот се борат лекарите од локалната болница. 30 патници од првиот кат на автобусот пак се во состојба на шок и се под надзор на психолози.

Во автобусот патувале 59 лица, повеќето од нив – студенти на возраст меѓу 18-29 години од градовите Билбао, Сан Себастијан и Виторија во Баскија, кои оделе на одмор во Холандија.

Инцидентот се случил околу 5 часот наутро по локално време. Се претпоставува дека возачот на автобусот не забележал знаци за забрана за влез на тунел на возила, кои надминуваат висина поголема од 2,6 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top