Сомалиската исламистичка група Ал Шабаб ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во хотелот „Џазира“ во центарот на сомалиската престолнина Могадишу, во кој загинаа најмалку шест лица.
Нападот со автомобил-бомба беше извршен денеска попладне во хотелот, посетувал од членови на сомалиската влада и од странски државјани.
Во него се наоѓаат неколку допломатски претставништва. Над центарот на градот се издига облак од црн чад.
Очевидец кој бил во хотелот „Џазира“ во моментот на експлозијата, вели дека нападот веројатно бил извршен со камион, наполнет со експлозив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст