| четврток, 6 декември 2018 |

Претераното пиење вода може да биде штетно!

Иако постојано ни се повторува дека внесување течности е многу важно, посебно во лето кога се високи температурите, сепак, треба да се внимава да не се претера со пиење вода. Експертите откриле дека постои опасност од премногу внесување течности што може да доведе до хипонатррмија.

voda-so-mraz

Хипонатррмија е пореметување на електролитите и се карактеризира со намалување на концентрацијата на натриум во крвта на човекот. Симптоми се мачнина, повраќање, губење свест, а е забележан и смртен случај.

Најчеста грешка која ја правиме е што посегнуваме по вода и кога не сме жедни, што е погрешно и не треба да се прави. Стручните лица напоменуваат дека и ако дехидрирате лесно ќе заздравите и ќе надоместите вода во организам, отколку ако претерате со внесување на течности. Внесување на течности е индивидуално и зависи од многу фактири – возраст, телесна маса, географска положба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top