| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил се обиде да прегази полицајци на „Тур де Франс“

Француската полиција отвори оган на автомобил кој во Париз се обидел да ја пробие барикадата со која е оградена рутата за денешната етапа на велосипедската трка „Тур Д Франс“.

12-Greipel-AP

Инцидентот се случил осум часа пред очекуваното доаѓање на велосипедистите кои денеска ја возат последната етапа на овогодинешното издание на трката од Севре до Париз во должина од 109,5 километри.

Портпаролот на полицискиот синдикат Лук Поњат рекол дека полицајците завршувале со поставување на барикадите кога на нив налетал автомобил со двајца патници, на кој веднаш отвориле оган, но возачот избегал.

Додал дека нема повредени, а стотици луѓе почнале да се собираат на плоштадот Конкорд, на делот од патеката на која се случила несреќата, на која велосипедистите треба да стигнат во текот на денот.

Полицијата ги истражува снимките од сигурносните камери кои се наоѓаат во близина на местото на кое дошло до инцидентот за да ги идентификуваат лицата во возилото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top