Најголем бенефит од рутинската примена на стандардите треба да имаат пациентите, односно се очекува постепено да расте и нивното задоволство од квалитетот на здравствената заштита.
За текот на досегашните и идните активности спроведени од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи, денеска информираше директорката на Агенцијата, д-р Елизабета Зисовска.
Најголем бенефит од рутинската примена на стандардите треба да имаат пациентите.
-Посебен акцент во стандардите е ставен на безбедноста на пациентите, и тоа е соодветно вклучено при независното оценување на болниците. Сите стандарди кои се однесуваат на безбедност на пациентите треба да бидат оценети со оценки 4 или 5, што значи да бидат исклучитално добри, за да може болницата да се стекне со сертификат за акредитација. Тоа е делот каде што и Агенцијата ќе има најстроги барања и ќе вложува најголеми напори за успешна имплементација, објаснува Зисовска.
Безбедноста на пациентите на високо ниво значи елиминирање на ризици во врска со спречување на појава на интрахоспитални (внатреболнички) инфекции, безбедна хирургија, примена на упатства засновани на докази, итн.
-Бенефит од акредитацијата имаат и вработените, иако во овој момент на подготовка на болницата за акредитација тие можеби чувствуваат оптоварување во нивната секојдневна работа. Акредитацијата значи востановување начин на работа на секој вработен, на секое одделение и установа, објаснува таа.
Користа на здравствената установа е повеќекратна и тоа: спроведување на квалитетна здравствена заштита, поголемо задоволство на пациентите и на вработените, редукција на трошоците за што најмногу допринесуваат клиничките упатства. Во текот на подготовката од клучно значење е разбирањето и поддршката која ја дава менаџерскиот тим на болничките комисии кои ја спроведуваат подготовката за акредитација.
-Секако, корист ќе има и целата држава, затоа што со поквалитетна здравствена заштита ќе се намали бројот на повторни приеми, стапката на интрахоспитални инфекции, стапката на компликации, и ќе се овозможи намалување на севкупните трошоци, намален број на денови на отсуство заради болест и слични придобивки, заклучува директорката.
Имено, се одбележува и една година од основањето на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи.
-Од основањето до денеска, во Агенцијата е направено многу и најважниот момент беше развојот, ревизијата и прифаќањето на дефинитивната верзија на стандардите за квалитет во болниците од страна на Владата на република Македонија кои што се објавени во службен весник, подвлече Зисовска.
Стандардите за акредитација се веќе усвоени на седница на Владата на Република Македонија и објавени во Службен весник на РМ, а развиени се во согласност со европските и светските принципи на акредитација. Од почетокот на оваа година, интензивно се изработуваат процедурите за имплементација на стандардите, и активно се вклучени по неколку тимови во секоја болница.
-Во изминатиот период, континуирано се спроведуваат обуки во насока на унапредување на квалитетот на здравствената заштита и исполнување на стандардите за акредитација. Се спроведоа две обуки од страна на Европската комисија за техничка помош од Брисел, каде што учесници беа болничките тимови за квалитет на здравствена заштита и апликанти за надворешни оценувачи, се одржаа четири обуки за координаторите за акредитација кои веќе беа формирани во болниците, после дадените инструкции од страна на Агенцијата, информира Зисовска.
Исто така, завршен е првиот дел од обуката на надворешните независни оценувачи во постапката за акредитација.
Веднаш по основањето на Агенцијата, со цел меѓусебно запознавање со менаџерските тимови, информација за суштината на акредитацијата, чекорите во процесот на акредитација, се одржаа околу 50 состаноци со директорите на болниците и болничките тимови за квалитет. Тоа беше појдовен чекор за понатамошна интензивна взаемна комуникација.
-Во изминатиот период беше направена и интензивна промоција на Агенцијата во регионот и во странство, а со оглед на тоа што малку подоцна беше формирана, целта ни беше да се промовира и да застане рамо до рамо со сите поразвиени агенции во регионот и во Европа. Токму заради тоа што динамиката со која Агенцијата работи и ги припрема болниците за акредитација е прилагодена на можностите на здравствените установи, потребите на пациентите, но и со насоките кои што ние ги добиваме од Меѓународното здружение за квалитет на здравствена заштита кое што е покривот над сите агнеци и наша визија е еден ден да станеме рамноправна членка на тоа меѓународно здружение, додава таа.
-Идните планови на Агенцијата опфаќаат: потранспарентно објавување на работата на болниците, планираме да ги објавиме нивните напишани процедури на Веб страната на Агенцијата која што би имало трикратен учинок: прво да се оддаде признание и пофалба на болниците кои што во оваа позитивна трка да се стигне до сертификатот за акредитација, потоа да им се помогне на болниците кои што имаат побавна динамика и трето би била за самите пациенти, затоа што тие ќе можат транспарентно од процедурите да видат што мже да очекуваат во таа болница, подвлече Зисовска.
Предвидено е и во периодот од есента до крајот на 2015 да се спроведе проверка на имплементацијата, што подразбира теренска обиколка на сите болници, помош околу имплементација на процедурите после нивно донесување и усвојување на ниво на болница, како и спроведување на независно надворешно оценување на болниците апликанти за акредитационен статус.
Штом една болница се стекне со сертификат за акредитација,објаснува директорката, ќе се спроведува редовен едногодишен мониторинг на квалитетот на работата на здравствената установа, здравствените работници и соработници. На тој начинболниците нема да се препуштат сами на себе, затоа што тој квалитет треба не само да се воведе, туку да се одржува и да се унапредува.
-Со добивање на сертификат за акредитација и со акредитативниот процес кој се спроведува во болниците бенефит од акредитацијата пред се ќе имаат пациентите, болниците, вработените, како и државата, објаснува директорката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст