Во рамки на Младото театарско „Охридско лето“ вечерва, 26-ти јули, на сцената во дворот на ОУ „Св. Климент Охридски“ ќе биде изведена монотеатарската опера „Дневникот на лудиот“, од Николај Василевич Гогољ.
Сценографијата и режијата на оваа претстава ги направи композиторот Марјан Нечак. Во неа учествуваат двајца негови соработници, Озрен Грабариќ и Марин Лукановиќ.
„Дневникот на лудиот“ од Гогољ се смета за прв детален запис за шизофренија, уште пред болеста да биде призната и именувана во медицинската пракса. Како и да е, го доведува во прашање целиот свет во којшто личноста се обидува да го открие својот идентитет и општествен статус.
Преку приказната на Попришкин, Гогољ на луциден начин зборува за болеста на општеството и не потсетува дека сите ние сме во некаков конфликт со реалноста Додека конфликтите помеѓу Истокот и Западот, левицата и десницата, религиозниот и атеистичкиот свет, стануваат сè посилни, секој се бори за својата нормалност и во оваа борба тој е прогласен за луд.
Авторската креација на Неќак ја третира тремата на ликот, неговото заробеништво во самиот себе, неговите неможности и неговите полуинтересни реченици напишани од Гогољ без музичка партитура не би звучеле толку силно и запрепастувачки без разлика на успешноста на актерската интерпретација.
За своето дело Неќак вели дека настанала спонтано, како моноопера која во себе содржи многу различни музички стилови. Почнува како класичното музичко дело – Операта, за потоа многу брзо да скршне од тој пат и да се претвори во Симфонија на менталните, на духовните и на емотивните состојби на протагонистот.
– Музиката е како вода, пловејќи по неа, пиејќи од неа и бранејќи се од неа кога е потребно, ние сме обвиткани во едно поинакво акустично руво за кое не сме ни сами свесни, вели авторот и протагонистот Марјан Неќак.
Инаку, Марјан Неќак е роден во Битола во 1976 година. Со музика се занимава од најраното детство завршувајќи нижо и средно образование во Битола (контрабас и соло пеење), воедно, компонирајќи многу дела уште во тој период. Композиција дипломирал на Факултетот за применета уметност ЕСРА Париз – Скопје – Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст