Најновото истражување докажа дека Торинското платно, за кое се верува дека во него било завиткано телото на Исус Христос, не е средновековен фалсификат.
Експертите дојдоа до заклучок дека платното потекнува од периодот помеѓу 300 година пред новата ера и 400 година од новата ера, што значи дека прилично лесно е возможно телото на Исус токму во тоа платно да било положено во гробот.
Торинското платно е долго нешто помалку од пет метри, а на него јасно се гледаат отисоци од човечка долга коса и брада, но и крвави дамки на местата каде што се наоѓале рацете и стапалата, што одговара со раните кои Исус ги доби при распнувањето на крстот.
Целосните резултати од истражувањето ќе бидат објавени денес, на Голем петок според католичкиот календар, а утре ќе бидат прикажани на телевизија. И покрај тоа, се претпоставува дека пристапот на јавноста до ова платно нема да биде можен уште 10 до 12 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.