| четврток, 6 декември 2018 |

Повреден висок функционер на ДУИ во Струга

Едно лице е повредено во центарот на Струга, откако врз него било пукано од возило во движење. Инцидентот се случил пред 40 минути на улицата „Маркс и Енгелс“.

Неофицијално, се работи за висок функционер на ДУИ, кој потекнува од Струга.

Од СВР Струга потврдуваат само дека имало пукотници во градот и дека во тек е увидот, но детали ќе се знаат подоцна.

Повредененото лице во тешка состојба е пренесено во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top