| четврток, 6 декември 2018 |

И покрај решенијата, Жерновски уште го држи хаузмајсторот како главен инспектор

koco

Државниот управен инспекторат побарал да му се одземат надлежностите на Кочо Стојчевски, хаузмајсторот кого градоначачникот Андреј Жерновски го назначи за раководител на инспекциските служби во Општината Центар, бидејќи хаузмајстор не може во исто време да работи и како хаузмајстор и како главен инспектор, за што повеќе пати било испраќано предупредување решение за да престане да врши дејности како главен инспектор до општината Центар.

resenie500

Жерновски не реагирал. Во меѓувреме Стојчевски продолжил и со партиски активности и како редовен декор е на партиските настани на СДСМ и говорник во кампот на СДСМ.

Случајот со хаузмајсторот не е единствениот случај. Во јавноста апелираше советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека општината е претворена во приватна своевина на СДСМ. Жерновски бројот на вработени го зголемил за 20%, а со ребаланс скрати од средствата предвидени за проекти за нивно вработување. Се вработија многу партиски кадри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top