| четврток, 6 декември 2018 |

Село во кое скоро сите си продале по еден бубрег

PINews_Nepal_Kidney1

Во селото Хокс во Непал, кое го нарекуваат „Долината на бубрезите“, речиси секој жител продал по еден свој бубрег. Во селото доаѓаат агенти, кои ги убеди луѓето дека можат да живеат нормално без еден бубрег, но и дека тој ќе им порасне повторно, откако ќе го отстранат. Агентите ги носат селаните до Индија, каде што најчесто се изведуваат операциите.

Гета, мајка на четири деца, го продала својот бубрег за 2.000 долари (околу 112.100 денари).

2A66F84500000578-3155817-Mother_of_four_Geeta_was_persuaded_by_the_organ_traffickers_who_-a-3_1436520282536

– Веќе десет години луѓето доаѓаат во нашето село и не убедуваат да им ги продадеме органите. Јас секогаш велев „не“. Но, нашето семејство растеше, а растеше и желбата да се купи куќа – вели Гета.

Понекогаш ги киднапираaт, за да им ги извадат органите. Некои ги убедуваат дека им треба операција, иако тие се здрави. Имаше и случаи кога луѓе се убиени за да им се земат двата бубрега.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top