| четврток, 6 декември 2018 |

Прв пораз за Македонија на ЕП за ракометарки до 18 години

 Женската македонска ракометна репрезентација составена од играчи до 18 години синоќа загуби од Германија со убедливи 10 голови разлика, иако на полувреме „црвено-жолтите“ има само еден гол негатива (11:12).

До конечните 31:21 младите Германки стигнаа со агресивна игра во последните 15 минути, период кога Македонија имаше големи проблеми со реализацијата, а противничките преку полу-контри и контри беа прецизни.
На другиот дуел од 2.коло во Б-групата Русија – Литванија 41:17.
Македонија по две кола на Европското првенство што се игра во Шпанија има една победа и еден пораз.
Табела: Русија 4 бодови, Германија 2Македонија 2, Литванија 0.
Утре во последното коло од групата, Македонија игра со Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top