| четврток, 6 декември 2018 |

Народниот театар од Сомбор настапи на „Битолскиот Шекспиров фестивал“

Со аплауз и овации беа поздравени актерите на Народниот театар Сомбор­, Србија на изведбата на претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Ана Ѓорѓевиќ, на вториот фестивалски ден на интернационалниот театарски фестивал „Битолски Шекспиров фестивал“.

mnogo-vike-ni-oko-cega

Претставата, која беше конструирана како сон, со својата суптилност, актерска изведба и впечатлива сценорафија, го привлече вниманието на битолската театарска јавност.

Исто така, во Битолскиот народен театар во тек е Работилницата за развивање на драмски текст инспириран од сонетите на Шекспир, која ја води професорот и шекспиролог Мартин Рандал од Канада.

В сабота, на четвртиот фестивалски ден на „Битолскиот Шекспиров фестивал“, во Битолскиот народен театар, со почеток во 20 часот, ќе се прикаже претставата „Хамлет“ на театарската компанија „Лит Мун“ од Санта Барбара, Калифорнија. Едно од најизведуваните дела на Шекспир е во режија на Џон Блондел од САД.

В недела, на истата сцена, во 20 часот, на фестивалската програма ќе се прикаже претставата „Сон на летната ноќ“ во режија на Александар, Поповски во изведба на актерите од Турскиот театар од Скопје.

Третото издание на „Битолскиот Шекспиров фестивал“ се одржува од 22 до 28 јули, со поддршка на Министерството за култура и на Општина Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top