| четврток, 6 декември 2018 |

Нѐ чека уште попеколна недела, температура повисока од 40 степени

Уште потопло време со температура и повисока од 40 Целзиусови степени  најавува за наредната недела Управата за хидрометеоролошки работи.

– Македонија од понеделник ќе биде под влијание на уште потопла и сува воздушна маса од југ, што ќе предизвика натамошен пораст на дневната температура, која во поголем дел од земјава ќе биде повисока од 35 степени. Особено топло се очекува кон средината на неделата, кога по Повардарието и во југоисточниот дел дневната температура ќе биде повисока од 40 степени, соопшти УХМР.

По денешните максимални 38 степени и УВ индекс 9, синоптичарите и за деновите од викендот прогнозираат слично време, но со можност за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи во западните предели на Македонија.

Од понеделник, пак, се очекува пораст на температурата и преку 40 степени.

Тропското време, според биометеоролошката прогноза, може да предизвика здравствени проблеми кај луѓето.

Во попладневните часови се очекува честа појава на главоболка, болки во колената, на грбот и вратни боли. Во вечерните часови можна е појава на општа слабост, а кај некои пак ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во ноќните часови болките што се од ревматски карактер, но и тие што се од артритични промени ќе се подолготрајни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top