| четврток, 6 декември 2018 |

Додека хаузмајсторот од Центар се вози со ауди, Жерновски молчи за скандалот

koco
Колкава ли е платата на хаусмајсторот во општина Центар, сега раководител на инспекциската служба, ако со неа успеал да го купи ова бесно Ауди модел А5. Прес 24 објави дека Стојчевски на работа доаѓа со ауди, според официјалниот ценовник, вреден најмалку 38.000 евра во основна верзија. Порталот објави и неколку фотографии од автомобилот за кој се тврди дека го вози токму инспекторот кој беше унапреден од хаузмајстор.

image-8e12d98eb760a279f95ece4822e297608343e6f8e4f80aeb7c07493a3e7f0d2c-v

Станува збор за супер луксузно возило, од гамата на Ауди, која очигледно е омилена во СДСМ. Прес 24 коментира дека ауди А8 вози Зоран Заев, а А3 модел има портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој според официјалната документација за себе плаќа придонеси на минималец.
audi_koli

Ова е ценовникот на моделот Ауди А5 и може да се забележи дека моделите со спортски мотори достигнуваат цена над 70.000 евра.

Кочо Стојчевски стана познат во јавноста како првиот хаусмајстор што преку ноќ стана главен инспектор во општина Центар. Се појавија информации дека тој вршел инспекциски работи и во времето додека официјално бил вработен како хаусмајстор.

audi

Жерновски молчи за овој скандал иако останува сериозен простор Стојчевски да биде кривично гонет за лажно претставување, ако се има предвид дека решението со кое се прераспределува на местото раководител на инспекциските служби го добил на 30 декември, а месеци претходно тој издавал решенија и работел како инспектор иако официјално, имал задача да менува светилки во општинските канцеларии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top