
Со овој чај, кој лесно се приготвува дома, може да ослабнете до три килограми за една недела.
Доколку чувствувате надуеност, а сакате и да се ослободите од насобраната вода во организмот, да направите детоксикација и да загубите некој килограм за брзо време, подгответе го овој едноставен чај од пет состојки.
Во тенџерче ставете 1 литар вода, додајте помала китка исечкан магдонос и четири кесички зелен чај. Оставете заедно да зовријат, а потоа тргнете го тенџерчето од оган и поклопете го.
Кога чајот ќе отстои и ќе се излади, исцедете го, па во него додадете 30 грама изрендан ѓумбир, два цедени лимона и една лажичка цимет.
Доколку сакате да го заблажите, додајте една лажица мед.
Претурете го чајот во стаклено шише и ставете го фрижидер. Пијте го ладен во текот на целиот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


