Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и за буџет, за економски прашања и законодавно-правната комисија.
Комисијата за финансирање и за буџет ќе ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2015 година.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања и на Законодавно-правната комисија е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, по скратена постапка, во второ читање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.