Русија очекува да го потпише меѓувладиниот договор за изградба на гасоводот „Турски тек“ по составувањето нова влада во Турција, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев во интервју за Словенечката радио и телевизија, пренесе ТАСС.
-Меѓувладиниот договор, навистина, сѐ уште не е потпишан. Причината за тоа во голема мера се должи на тоа што таму (во Турција) нема влада – појасни рускиот премиер, кој кон крајот на неделата ќе ја посети Словенија.
– Нашите партнери, нашите колеги во Турција треба да ја состават таа нова влада. Тоа не е многу лесна работа, како што покажува досегашното искуство. Ние водиме преговори со нив. Се надеваме дека кога сите политички проблеми кај нив ќе бидат решени (…), ќе можеме конечно да се договориме за сите прашања – додаде тој.
Медведев, исто така, посочи дека Словенија може да одигра „сосема сериозна улога“ во врска со изградбата на гасоводот. Тој појасни дека повеќе земји веќе пројавиле интерес за проектот, вклучувајќи ги Унгарија и Србија.
-На вашите раководители, исто така, би им препорачал повнимателно да го разгледаат овој проект – посочи рускиот премиер во интервјуто за Словенечката радио и телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст