| четврток, 6 декември 2018 |

Обама разочаран од неуспехот да наметне построга контрола на огненото оружје

obama

Американскиот претседател Барак Обама изјави во интервју за Би-Би-Си дека е разочаран поради неуспехот да наметне поголема контрола на огненото оружје во САД, пренесува ТАСС.

Обама го оцени како едно од најголемите разочарувања фактот дека досега во САД не е воспоставена построга контрола врз поседувањето и употребата на огнено оружје.

– Ако ме прашувате од што чувствувам најголемо разочарување, тогаш тоа е фактот дека САД се единствената развиена држава во светот, во која нема доволно здрав разум во областа на законите за безбедно поседување оружје, дури и во услови на се повеќе масовни убиства, истакна американскиот претседател.

Според Обама бројот на Американци, убиени по 11 септември 2001 година како резултат на терористички акции е помалку од 100 лица, додека бројот на загинати од огнено оружје изнесува десетици илјади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top