Работнички експресно ја анулира негативата од Јелгава и води со 1-0 во реваншот против летонскиот тим, а стрелец на голот во петтата минута е Баже Илијоски.
Напаѓачот на Работнички со прецизен удар го награди прекрасниот центаршут на Мите Цикарски и постигна убав гол. Мечот се игра на националната арена „Филип арена“ во Скопје. Победникот од овој двомеч речиси сигурно ќе игра против Трабзонспор во третата квалификациска рунда за пласман во фазата по групи во Европа Лигата на УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.