| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата го знае идентитетот на напаѓачите во Куманово

Полицијата го знае идентитетот на напаѓачите во престрелката која се случи во Куманово и трага по Б. Л. од кумановското село Лојане и по А.Н објави „Алфа“.

mvr_objavi3

 

Дел од медиумите на албански јазик, убиството во Куманово го поврзуваат со меѓупартиска пресметка во огранокот на ДУИ во градот, односно за наводна пресметка меѓу поранешниот и сегашниот претседател на огранокот на партијата во Куманово. Во престрелката загина едно лица, а две се повредни. Тешко повредениот е брат на еден од осомничените за настаните во Гошинце и Куманово што се случија во април и мај годинава.

Едно лице е убиено, а двајца се повредени во вооружен напад кој попладнево околу 15:30 часот се случил во кумановската населба Бедиње. Според информациите објавени во дел од медиумите на албански јазик, убиен е Џемаил Реџепи, алијас командант Шкипоња, а тешко повреден е неговиот братучет Шефќи Р. додека идентитетот на третото лице кое поминало со полесни повреди се уште не се знае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top