Едно лице е загинато, а уште едно е повредено во престрелка која попладнево се случила во Куманово.
Повредениот по укажаната помош во кумановската болница е упатен во клиничкиот центар во Скопје.
Инцидентот се случил околу 15.30 часот во кумановската населба Бедиње. Непознатиот извршител од зелен мерцедес во движење истрелал рафал кон угостителски објект пред кој биле двајцата погодени.
Едниот маж починал од повредите пред објектот, а вториот со повреди по телото и нозете е префрлен во Скопје. Напаѓачите избегале со автомобилот.
Од СВР Куманово потврдија дека имало престрелка и дека полицијата е замината на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.