| четврток, 6 декември 2018 |

Аукциската куќа „Кристи“ оствари рекорден приход

Британската аукциската аукциска куќа „Кристи“ го заврши првото полугодие од годинава со рекорден приход од 2,9 милијарди фунти (4,5 милијарди долари), соопштија акционерите на куќата.

christie_s_1813102c

Овој показател за истиот период од минатата година е надминат за осум отсто, како резултат на порастот на бројот на нови клиенти за 24 отсто, посебно во Русија, како и проширувањето на интернет-трговијата, која е посебно популарна во Азија. Бројот на онлајн-купувачи од овој континент порасна за 32 отсто. Главниот придонес за успешното работење на „Кристи“ го имаа продажбите од колекциите „Уметноста на импресионизмот и модернизмот“, „Повоената и современата уметност“ и „Уметноста на земјите од Азија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top