| четврток, 6 декември 2018 |

Соросовиот платеник се заканува со оружје

BRANKO-GEROVSKI-565x198

Уредникот на опозицискиот Плусинфо, Бранко Героски на социјалната мрежа „Фејсбук“ ја покажа својата дозвола за поседување оружје. Јавно се закани дека ќе употреби пиштол – за евентуалните напади врз него и неговите колеги, како и неговите блиски ќе го користи правото да се брани на сите законски начини, вклучително и со пиштол.
-Значи, да им кажам нешто на Миленко, кој ја спомнува и ја навредува ќерка ми, како и на останатата багра, која безочно физички напаѓа новинари со намера да ги повреди и да ги убие, на таквите што планираат нови атаци врз Плусинфо и еветуално и директно врз моите колеги, вклучително и врз моите најблиски. Јас од денеска го користам своето право да се бранам на сите законски дозволени начини, вклучувајќи го и овој – напиша Геровски објавувајќи ја дозволата за пиштол.

status

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top