| четврток, 6 декември 2018 |

Илина ќе биде првата Mакедонка на Еверест

По повод претстојниот подвиг на Илина Арсова – првата жена Македонка која ќе се обиде да го развиори македонското знаме на Монт Еверест, а пред нејзиното заминување кон Хималајските височини, во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа заедничка средба на Илина со сите оние (покровители, спонзори, поддржувачи), кои го помогнаа овој проект да се реализира. На средбата беа присутни претставниците од: Т-мобиле, Тинекс, Општина Центар, ЕВН, Фармахем, Црвен крст, ФПСМ

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, како покровители на овој проект, нагласи дека успехот во овој потфат ќе ѝ донесе на Илина епитет на прва жена Македонка што го освоила срцето на највисоката планина на светот, но и меѓународно ќе ја афирмира нашата земја.

Проектот „Прва македонска жена на Монт Еверест“ е проект за подвигот кој Илина Арсова ќе го реализира во периодот април/мај ова година. Арсова ги има освоено речиси сите највисоки врвови од другите континенти во светот.

На средбата, директорот Поповски го прочита и писмото на поддршка од претседателот на Републиката, д-р Ѓорге Иванов:

„Претседателот на Републиката, д-рЃорге Иванов во ова пригода ѝ посакува многу среќа и успех на Илина Арсова и нејзината експедиција во освојувањето на Монт Еверест. Тоа ќе биде големо достигнување за неа, за семејството, за нашиот спорт и за Република Македонија. Илина, сите те поддржуваме и ги стискаме палците за тебе. Вратете се живи и здрави, и со успехот.

Извор: Факултети

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top