За кризата во левицата се зборува веќе 20 години. Навистина, се чини дека левицата ја загуби сугестивноста и привлечноста со кои некогаш успеваше да предизвика идеалистички занеси ширум планетата. Западната демократија по Втората светска војна прифати многу, порано исклучиво леви идеи, како човековите права, рамноправност во половите и социјална заштита, така што левите партии на некој начин останаа невработени: стеснет е просторот на нивната борба, како и бројот на барањата кои би можеле да се постават на властите или да се ветат на гласачите.
Општата контракција на левицата е видлива и во нејзиното поранешно импресивно интелектуално творештво. Левите аналитичари, критичари, и интелектуалци денес како да не можат да понудат ништо освен фрази за кризата на капитализмот, неправда на пазарот, банкарското лихварство, за солидарноста и т.н. општо добро или предлагаат даночни реформи со сомнителни ефекти.
Исто така, левицата се откажа од интернационализмот, кој порано беше најважен поради неговата морална супериорност, дури се впушти во недостојно кокетирање со национализмот. Додуша, темелната историска анализа пружа докази дека левиот интернационализам никогаш и не бил посебно искрен и дека левичарите не се гадливи на националните фикции иако е раширен целосно поинаков впечаток.
Современата десница пак, целосно го присвои левиот економски ирационализам. Во односот на десницата кон слободниот пазар и владеењето на правото и самиот Ленин би препознал револуционерен потенцијал. Сепак, треба да се признае дека левичарите, за разлика од смртно сериозните и конзервативни десничари, се духовити и шармантни луѓе. Додека разговорот не ја допре економијата имаат отворен ум и пријатен менталитет.
Штета што левицата е во криза, бидејќи даде голем и непроценлив придонес за еволуцијата на западната демократија и бидејќи на постоечкиот поредок е потребна алтернатива која не е ни утопијска ни ирационална.
Но, левицата е виновна за сопствената криза?
Можеби и не е. Залудно е да се ветува подобар и поправеден свет ако таквиот свет едноставно не е возможен. Кој наспроти тоа упорно го ветува е осуден на празнини на фразите и на стварноста која трајно го детерминира. Се чини дека оваа цивилизација и човечкиот род го исцрпија својот капацитет за напредок и развој, ако некогаш и располагале со вишок на тој капацитет.
Боледува од криза на идентитетот, како што често се вели, или не, левицата не нуди ништо рационално и корисно, но од едноставна причина бидејќи ништо и не може да се понуди. Алтернатива можеби е потребна, но се чини дека е невозможна.
Во последните два или три века од човековата историја извесен напредок несомнено се случи: луѓето живеат поудобно и послободно, наспроти тоа што на многумина до удобност и слобода и не им е посебно дојдено. Од друга страна, масовните страдања не се прекинати. Напредокот значи е половичен, искривен, бавен, противречен. Може да се забележи само ако се гледа во поголеми временски периоди, во секој случај подолго од просечен човечки век.
Поривот на левицата да го забрза напредокот и да воспостави правда сега и веднаш до толку е разбирлив. Меѓутоа, секогаш повторно се покажува дека тоа забрзување не е возможно. За жал, по правило, тоа предизвикува уште поголем пад. На пример Сириза. Ципрас не капитулираше во Брисел под притисок на немилосрдните Европејци. Не направи ништо друго туку се помири со реалноста, а неговите примамливи (и неостварливи) ветувања беа губење на време. Големите револуции родени во мечтата за напредок кои на крајот тој ист напредок го успорувале, како и човековите страдања кои ги предизвикале, не треба ни да се наведуваат.
Бавноста, половичноста и противречноста на напредокот не е ништо друго туку прецизен одраз на човековата природа која е токму таква: просечна, жална, често бизарна. Луѓето се способни за големи и благородни дела, но и за непоимливи ужаси и гадости.
Резултатот е општество и цивилизација какви што ги имаме: колку несовршена толку и кршлива демократија, разни тоталитарни ирационализми кои и се закануваат на демократијата и сурови закони на пазарот кои незаситните и се посилни држави се обидуваат да ги намалат заради краткорочните и штетни политикантски цели. Всушност и не ни е лошо, како што би можело да биде.
Дека светот (за сега) ја достигна горната граница на својата способност за напредок, но и дека истовремено стана меѓузависен и би се рекло глобализиран, со самото тоа и ранлив на многу неизвесности, точно го предвиделе националистите. Но, на тоа реагирале целосно во согласност со својата ирационална и агресивна природа. Исплашени од стварноста, бидејќи таа ги демантира нивните заблуди, креираа свој паралелен, виртуелен свет темелен на лаги, митови и илузии дека општеството ќе стане подобро и поправедно, ако го намалат на опсег на етничка држава во која никој поинаков нема право на пристап.
Притоа поаѓаат од смешни претпоставки дека етничката заедница (што и да е тоа) сама по себе е гаранција за развој и напредок, секако само за одбрани, само за нашите и тоа само тие наши кои ги делат ставовите на националистичката елита. Јасно, последиците се катастрофални.
Најверојатно е дека никој никогаш и не поверувал дека би можеле да бидат поинакви и дека за тие глупости би биле подготвени да го жртвуваат животот, здравјето и удобноста. Во секој случај, националистите се подготвени и способни светот да го направат (уште) полош.
Тука се крие и моментумот кој современата левица не го разбира. Демократската и рационална политика не смеат да се исцрпуваат со утописки илузии. Императивот е во зачувување на овој мал напредок, удобност и слобода, до кои дојдовме до сега.
Светот не треба да се менува. Колку и да е лош, а лош е, треба да се зачува и да му се дозволи да еволуира на подобро. Тоа навистина е бавно и неизвесно, но подобро не може. Секогаш може да биде полошо.
Дури откако човештвото ќе се помири со тоа и кога ќе разбере дека неговата способност за достигнување на подобар и поправеден свет е слаба и ограничена, (можеби) ќе стане способно за вистински напредок.
(Т-портал – Загреб)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст