| четврток, 6 декември 2018 |

Србиноски нов селектор на кошаркарите

srbinoski
Во кусото соопштение кое што МКФ го објави на својата интернет страница се вели дека Марјан Србиноски ја добил довербата да биде селектор на сениорската репрезентација на Македонија, по разговорот со Заре Марковски спортски директор на Македонската кошаркарска федерација.
Србиноски беше прв асистент на селекторите на двете последни ЕП, тој и како кошаркар има учествувано на Континенталниот собир, а тоа ја потврдува определбата на Федерацијата да го искористи сопствениот потенцијал.

МКФ му врачи отказ на Александар Џикиќ којшто ја предводеше репрезентацијата во квалификациите за ЕП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top