| четврток, 6 декември 2018 |

Знаци дека повеќе не сте вљубени

Иако можеби мислете дека преку ноќ се ќе се смени и дека повторно ќе почнете да ги чуствувате „пеперутките“ во стомакот најважно е повеќе да не се залажувате.

raskinuvanje na vrskata

Ако се пронајдете себи си во овие знаци, тоа значи дека повеќе не сте вљубени и дека повеќе не ви е дојдено до партнерот.

-Што и да направи тој, вам ви оди на нерви.

-Во последно време, вие сте таа што постојано започнува да се расправа, постојано му одите контра и може да му се лутите и по неколку дена!

-Немате волја да седнете со него и да разговарате за тоа како ви поминал денот. Порасположени сте да излезете со пријателките на кафе и да разговарате за тоа.

-Повеќе не се радувате на тоа што заедно гледате филмови, вежбате, готвите, шетате и слично.

-Повеќе не се трудите да најдете време за него, но тоа не е проблем за другите луѓе во вашиот живот.

-Повеќе не слушате кога тој нешто говори, затоа што сите негови приказни ви се здодевни.

-Порано тој ви недостигаше штом ќе се разделевте. Сега помислатана тоа дека цел викенд ќе го поминете без него ви се чини мошне забавна и релексирачка.

-Сексот стана само „работа“ што мора да се сработи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top