Борбена, издржлива, професионална – тоа е Робертина Мечвска, македонската ракометарка која по само четири месеци од падот од петти кат, се искачи на Црн Врв. Во интервју за „Република“ вели дека по несреќата има поинаков начин на гледање на животот затоа што неколку пати ја гледала смртта в очи.
–Кога бев во болница имав тешкотии со дишењето, имав болки, еден месец бев во шок-соба. Многу тежок период, не можев да се поместам од место. Потоа поминав две недели на одделение на траума. Имав голема поддршка од мајка ми, од моето момче, мојата пријателка Милка. Имав поддршка од медиумите, од многу пријатели, слушав и читав дека сите се молеле за мене. И од клубот Вардар, од репрезентација. Голема беше поддршката за да бидам денес тоа што сум, им благодарам на сите што беа со мене и што несебично ја даваа љубовта за мене. Му благодарам на целиот медицински персонал во Скопје и во Струга. Јас цело време бев свесна, освен првите неколку дена кога бев под седативи. Се гледав, знаев што се случува, разговарав, но имав големи болки– вели таа.
Меческа е благодарна на Бог што е жива и здрава.
-Благодарна сум на Бог што сега сум многу посилна, имам многу поголема позитивна енергија, што гледам на животот без тешкотии, минорни се сите проблеми. Најважно е што сум здрава. Амбициозно влегувам во овој живот што ми е поблиску до Бога откако паднав – коментира таа.
Целото интервју со Меческа е објавено во 151 број на неделникот „Република“ што излегува на 24.07.2015
ЛИНК ЗА ЦЕЛИОТ ВИДЕО РАЗГОВОР СО РОБЕРТИНА МЕЧЕСКА
Разговараше: Билјана Зафирова
Фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст