| четврток, 6 декември 2018 |

Селтик нуди 2 милиони евра за македонски репрезентативец?!

120102_Hasani
Шкотскиот тим Селтик е заинтересиран за македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани.
Според информациите кои ги објави весникот „Македонски Спорт“, Селтик доставил понуда до тетовскиот тим Шкендија која изнесува 2 милиони евра. Доколку се реализира овој трансфер, тогаш тоа би бил најголемиот трансфер на еден фудбалер од македонско првенство во странство.

Инаку, Хасани ова лето од Брондби пристигна во Шкендија како слободен играч.

Воедно „Македонски Спорт“ пишува дека шкотскиот тим Абердин е сериозно заинтересиран за напаѓачот на Шкендија Христијан Кировски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top