| четврток, 6 декември 2018 |

Андреев разочаран од елиминацијата, Пасиенса задоволен од пласманот во следната рунда

vardar-8
Разочарување од елиминацијата на Вардар предизвика синоќешниот резултат 1:1 кај тренерот Сергеј Андреев, а задоволство од пласманот на неговиот тим во следниот круг донесе кај тренерот на АПОЕЛ Доминго Пасиенса.

На прес-конференција по реванш дуелот од 2.коло во квалификациите за Лигата на шампионите, Андреев рече дека и покрај поразот нема место за жалење, бидејќи Вардар одигра добро.

– Игравме многу подобро во споредба со првиот натпревар. Резултатот не е задоволителен, ама нема што да жалиме. Реков дека оние 0:0 се многу опасни и ете се покажа дека тој еден гостински гол многу вреди.На паузата им кажав на играчите да не брзаат премногу при завршување на акциите. Како и да е сите ние сакавме да ја израдуваме многубројната публика, но тоа не се случи, истакна Андреев.

Тренерот на кипарскиот клуб, Пасиенсиа смета дека подобриот тим оди понатаму.

– Ние бевме подобри, Вардар е екипа која има добра одбрана. Можевме и порано да ја завршиме работата. Имаше и моменти, кога ризикувавме се од наша страна. Нашиот ривал играше многу интелигентно и даде се од себе, рече Пасиенса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top