Денешното утро го започнуваме со нијанса повисока температура од вчерашното, со исклучок на Скопје, каде и вечерта и утрото беа далеку поподносливи и посвежи во однос на вторник наутро.
Според Метеопро, низ земјава утринава преовладува ведро време, а сосема мала облачност има во југоисточниот регион. Претпладнето ќе биде претежно ведро.
Денеска попладне ќе има услови за развој на купесто-дождовна облачност од локален карактер во западниот и крајниот источен регион. Поголеми се условите за појава на краткотраен дожд во охрисдскиот, поречкиот, реканскиот и малешевскиот регион. Веројатност за краткотреан локален дожд има и во скопскиот регион.
Денот повторно ќе биде жежок. Иако не очекуваме уште еден ден со 40°С, сепак температурата ќе достигне максимум околу 38°С во повардарскиот крај, а во пелагонија и котлините од источниот регион околу 37°С. Охрид и Преспа ќе бидат за нијанса посвежи, со максимална околу 33°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст