| четврток, 6 декември 2018 |

Kaко вијагра: 10 реченици што секој маж го носат до лудило

Многу ми недостигаше

Ако поради склоп на околности не сте се виделе подолго време, ваквата реченица е потсетник на она што го делите но и на онаа нежна и женствена страна во вас која отворено ја покажува вашата љубов. Мажите кои ја сакаат нивната партнерка сметаат дека оваа реченица е секси.

Вечерва ти си на ред

Давањето и примањето се составен дел од секојдневниот стабилен и рамноправен однос, а секој понекогаш посакува да му се удоволува. Во сексуална смисла за многумина од мажите ова е на врвот од сексуалните желби.

Имам изненадување за тебе дома

Со ваквата порака ќе ги размрдате неговите сексуални мисли во неговиот мозок и предиграта ќе ја започнете пред да се видите.

Ми требаш

Желбата и потребата се основни човечки нагони кои во љубовниот однос создаваат блискост и поврзаност. Со ваквата изјава ќе му дадете до знаење колку ви значи во емотивна смисла и сексот ќе ви биде постраствен.

Земи со себе и шише вино

Со ваквата порака ќе му дадете јасно до знаење дека вечерва сакате да уживате.Храната и пијалоците често се поврзуваат со добриот секс а виното е познат афродизијак!

Фала ти

Малку благодарност, ќе му даде до знаење дека го цените. Освен тоа, тоа ќе го потсети дека сте тим- во спалната соба(во која можете да ја демонстрирате вашата благодарност), но и надвор од неа.

Одлично мирисаше утрово

Звучи и премногу едноставно, но сепак пали.

Со ваквата изјава ќе му дадете до знаење дека го забележувате и посакувате а не постои и подобар афродизијак од тоа.

Постојано размислувам за тоа кога…

Потсетување на некои конкретни сцени со него делува на многу начини.Првенствено открива дека го сметате за одличен љубовник, а освен тоа и дека сте возбудени а таквата врста на директност е доста посакувана од време на време.

Ми се пушташе…

Иако не е добро често да си играте со ваквите изјави повремена инекција на љубомора може да направи чудо за либидото на мажите. Фактот дека сте посакувани и назнаката за можна конкуренција лесно ќе ја распламне страста.

Нели сум секси во ова?

Ваквата реченица сепак најдобро  е да ја спакувате во сликовна порака.Самодовербата е една од најпривлечните особини во односот а тоа што самите знаете дека сте секси во него ќе ја разбуди желбата да ви покаже како делувате на него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top