| четврток, 6 декември 2018 |

Пет начини да откриете дали флертува со вас и 3 совршени начини да му возвратите

Жените потешко обрнуваат внимание на флертот, покажа новата студија на Универзитетот во Канзас, според која само 18% од нив успаваат да ги препознаат сигналите кои мажите им ги испраќаат. Научете како да препознаете дали момчето што ви се допаѓа флертува со вас.

 

1. „Случајно“ те допира

Ако забележите дека момчето кое ви е во близина или во исто друштво, нежно и „случајно“ ја спушта раката на долниот дел од вашиот грб додека ви се обраќа или „случајно ви ја спушта“ раката на колено додека седите – тоа е прв и јасен знак дека флертува со вас.

2. Ве задева

Ако се сеќавате на сцените од градинка кога некое момче постојано ве задеваше, влечејќи ве за коса, ова е нешто слично. Ако забележите дека некое момче постојано ве задева и се шегува со вас, знајте дека тоа е знак дека сте му слатки и неодоливи и дека ужива во ваше друштво.

 

3. Ви дава мали подароци

Не се мисли на мали парчиња накит и слично, туку некои спонтани ситуации, како колач од слаткарница затоа што знае дека ви е омилен.

4. Го игнорира својот телефон

Денес сите се зависни од своите мобилни, па вистинска реткост е да бидете во друштво на некој што нема ни да го погледне додека е со вас. Тоа е знак дека е целосно фокусиран.

5. Користи изговори за повторно да разговара со вас

Ако разговарате за филмови, па покрај тоа ја користи можноста да ви прати мејл со предлози, тоа е јасен знак дека сака повторно да стапи во контакт со вас.

 

Три начини за суптилно да го прифатите флертот:

1. Поправете му ја јаката на маицата, кошулата

Ако сте на романтична вечера или седите близу еден до друг, нежно поправете му ја јаката на кошулата или наместете му ја маицата, приближувајќи му се нежно.

2. Зборувајте нежно

Во флертувањето е најважно да биде суптилно. Зборувајте тивко и со секси глас за да го привлечете неговото внимание.

3. Не чекајте многу пред да му одговорите на пораката

Овие игри одамна се минато. Намерното одложување на одговорот на пораката може да предизвика контра ефект за мажот да помисли дека не ви се допаѓа, туку дека си играте со него. Флертувајте суптилно и заводнички и не дозволувајте тој да ви ги чита мислите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top