| четврток, 6 декември 2018 |

Американски авиони по грешка нападнале авганистански војници

Американските сили во Авганистан денеска соопштија дека нивни авиони вчера по грешка извршиле воздушен напад врз контролен пункт на авганистанската Армија, при што загинале најмалку седуммина војници.

avioni

– Искрено жалиме за загубата на војниците на авганистанската Армија. Изразуваме најдлабоко сочуство до блиските на жртвите на овој трагичен инцидент и се молиме за брзо заздравување на ранетите, се додава во соопштението.

Како што јави ДПА, американската армија тврди дека при нападот што се случил во округот Бараки Барак во провинцијата Логар, јужно од Кабул, загинале седум авганистански војници, а пет други се ранети, додека според локалните власти при бомбардирањето животите ги загубиле 14 војници.

Поголемиот дел од Бараки Барак е под контрола на талибанските бунтовници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top