| четврток, 6 декември 2018 |

Топлото време предизвикува сериозни здравствени проблеми

Топлото време и екстремно високата температура што ја зафатија Македонија можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми кај наслението, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи.

Plostad nova fontana (9) (Custom)

Особено лоши биометеоролошки услови, според синоптичарите, ќе има во текот на претстојната ноќ. Можни се главоболки, болки во колената, грбот и вратни болки. Во ноќните часови, пак, се очекува честа појава на општа слабост, а кај некои ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во раните утрински часови, болките кои се од ревматски карактер, но и тие што се од артритични промени, ќе бидат се подолготрајни, укажува УХМР.

Времето и утре ќе биде сончево со висока температура, која ќе достигне до 38 Целзиусови степени . УВ индексот ќе биде 8.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top