Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски деградирајќи ја инспекциската служба во Општина Центар и сакајќи да ја стави во функција на своите лични и партиски цели и интереси, донел решение да го унапреди општинскиот хаусмајстор, ни повеќе ни помалку туку за најмалку 10 скалила понапред во раководител на сектор и тоа на инспекциските служби во Општината Центар. „Република“ дојде до документ – Решение за распоредување на вработен од кој се гледа дека лицето Кочо Стојчески од работното место домаќин хаусмајстор од Оделението за општи работи се распоредува на друго работно место и тоа Раководител на сектор за инспекциски работи, ГЛАВЕН ИНСПЕКТОР. Ова Решение го има потпишано лично градоначалникот Жерновски и тоа сакајќи да го протне на мала врата ден пред Нова година на 30.12.2014 година.
Скок од 10 позиции според законот за државни слубеници
Под услов Кочо Стојчевски да започнал како помлад референт, овој квантен скок според Законот за државни службеници изнесува најмалку 10 позиции. Односно Кочо од Хаус мајстор со средно образование е префрлен на позиција која според Законот лицето треба да има најмалку 7 степен високо образование, 5 години работно искуство од кој две во државна служба. Скокајќи 10 места, Жерновски во желбата да го направи главен инспектор му овозможил и повисока плата за 10 степени градуирана согласно Законот за државни службеници.
СДСМ против забелешките на Европската Унија за професионална администрација
Ваквото скандалозно решение очигледно говори за создавање на непрофесионална и партизирана администрација што беше и една од забелешките во извештаите на Европската Унија. Иронично е што СДСМ постојано обвинува за партизација и непрофесионалност а тие од хаусмајстор прават раководители на сектори.
Со наслов „Деполитизација на администрацијата”, Европската комисија нотира неколку насоки.
„Ригорозно спроведување на новата законска рамка , Законот за административни службеници и Закон за вработените во јавниот сектор , целосно почитување на принципите на транспарентност , заслуги и правична застапеност. Политиките за вработување треба да ги следат принципите на транспарентност, заслуги и правична застапеност во државната служба преку отворен повик. Не треба да има понатамошни вработувања доколку не се почитуваат правилата”, се наведува во извештајот, нешто што Жерновски не го почитува и го става под тепих.
На СДСМ и Жерновски им требаат хаус мајстори за раководители за да им ги вршат валканите работи
Откако ги стави под контрола инспекциските служби за вршење на матните работи Жерновски тргна во хајка. Прва на удар му беше покривната тараса од зградата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Иако тој не е сигурен дали е дивоградба реши да побара заеднички увид за да се утврди дали влезот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е дивоградба, по што изјави дека таа ќе биде отстранета. Тој кажа дека е ставена во функција зградата без употребна дозвола, иако самата ВМРО-ДПМНЕ демантраше дека новиот штаб е вселен и дека Жерновски воопшто побарал да направи увид за што досега и нема покажано никаков документ односно барање за тоа..
Злоупотреба на општинските служби за добивање на внимание, Жерновски со хаусмајсторот тргна во уривање. Очигледно Жерновски на овој начин сака да првилече што е можно поголемо внимание, а иакопартизираната и нестручна администрација му треба за да ја злоупотребува за свои и партиски политички цело.
Градот Скопје веднаш по изјавата на Жерновски излезе со соопштение дека сите обвинувања на градоначалникот Жерновски се неосновани и паушални, во кои истиот покажува елементарно непознавање на законските прописи во Република Македонија.
Град Скопје тврди дека целокупната постапка е во согласност со закон и во целосна надлежност на Град Скопје.
„Би сакале да го потсетиме градоначалникот Жерновски дека во овој случај не станува збор за урбана опрема, туку за настрешница на објект за која е издадено решение согласно законските прописи во Република Македонија. Го запрашуваме градоначалникот Жерновски, согласно кој закон планира заеднички увид на документацијата и воедно го повикуваме да изврши увид во целата документација, а општинските инспектори да постапат согласно на законот”, стои во соопштението во град Скопје.
Работно лето не за проекти туку за препукувања и пресметки
Очигледно дека лудилото оди дотаму што опозицијата веќе не бира средства за да привлече внимание во јавноста и на тој начин да ја девалвира работата на останатите државни институции. Тие покажаа примена на двојни стандарди, непочитување на закони и брутално деградирање на останатите вработени само за да ги остварат своите цели. Очигледно работното лето кое Жерновски го најави нема да биде исполнето со реализација на проектите кој ги вети а досега не ни започна со реализација, туку со политички хајки и привлекување на внимание преку политички препукувања, со што уште еднаш се покажува дека опозицијата не е способна да се бори за поддршка со идеи и концепти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст